24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Во текот на минатата година забележан е раст на потрошувачките кредити

НБРМ: Во текот на минатата година забележан е раст на потрошувачките кредити

pari-denari

Народна бакна ги објави најновите оценки за крајот на 2016 година, кој упатуваат на зголемено кредитирање кое е повисоко и од очекувањата.

„Податоците за кредитниот пазар во декември се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор. Кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6 отсто е над проектираната“ , велат од Народната банка.

За периодот октомври-ноември вкупните кредити бележат мало намалување, додека октомвриската проекција за четвртиот квартал на 2016 година предвидува кредитен раст од 6.192 милион денари, односно од 100,6 милиони евра.

„Во ноември, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 1,3 отсто и се над проекцијата за последниот квартал“, објавуваат од Народна банка.

Заклучно со ноември, граѓаните по сите основи на банките должеле околу 2,1 милијарди евра. Најголем дел од овој долг отпаѓа на потрошувачките кредити.

Кај автомобилските кредити, пак, е забележано забавување, по овој основ вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува околу 5 милиони евра. На месечна основа забележан е пад од 1,3 отсто, додека пак на годишно ниво за 21,6 отсто, стои во податоците на Народна банка.

„Годишниот раст на вкупните кредити, во најголем дел произлегува од растот на денарските кредити и денарските кредити со валутна клаузула, додека придонесот на девизните кредити се намали“, нотира НБМ.

Во валутната структура, со 3,3 милијарди евра доминираат денарските кредити, а скоро 800 милиони евра се кредити со девизна клаузула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП