20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетскиот и технолошкиот сектор ги поттикнаа индексите на Волстрит

Енергетскиот и технолошкиот сектор ги поттикнаа индексите на Волстрит

wall-stret3

На Волcтрит во средата, цените на акциите забележаа раст, најмногу во енергетскиот и технолошкиот сектор, додека здравствениот сектор се најде под притисок откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги повика фармацевтски компании.

Dow Jones забележа раст од 0,50 отсто, на 19.954 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,28 отсто, на 2.275 бодови, а Nasdaq индексот за 0,21 отсто, на рекордни 5.563 бодови.
Во осум од 11 најважни сектори на S & P 500 индексот цените на акциите вчера забележаа раст, при што најголемо зголемување од 1,2 отсто во енергетскиот сектор, благодарение на заздравувањето на цената на нафтата по дводневното паѓање.

Значајно е тоа што во просек од 0,7 отсто, зајакна и технолошки сектор, а најголем пораст на цените на акциите има Microsoft, Facebook и Apple.

Од друга страна, остро за 1 отсто, пад забележаа акциите во здравствениот сектор, бидејќи Трамп на првата официјална прес конференција ги повика американската фармацевска индустрија, која ја смета за “катастрофална”, бидејќи во САД се продаваат лекови произведени во странство и притоа остануваат неказнети поради високите цени.

“Кога некој на таква висока позиција вели нешто негативно во врска со некој сектор, инвеститорите не сакаат да инвестираат во него, па ги повлекуваат нивните пари”, вели Бред Лончар, директор на фирмата Loncar Cancer Immunotherapy.

Аналитичарите велат дека инвеститорите се претпазливи, бидејќи во петок почнува објавувањето на кварталните резултати од работењето на компаниите, кои ќе покажат каква е ситуацијата во корпоративна Америка, а се чека и инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари.

“Кога ќе се стават овие две работи заедно, мислам дека не треба да очекуваат големи промени на пазарот, освен можеби во петок кога почнува сезоната на квартални резултати. До тогаш портфолио менаџерите немаат причина за значајни менувања на позициите”, рече Мајкл Сканлон, портфолио менаџер во фондот Manulife Asset Management.

Во петок почнува сезоната на објавување на кварталните извештаи од работењето на компаниите, а аналитичарите проценуваат дека профитот на компаниите од составот на S & P 500 индексот во четвртиот квартал од минатата година се зголеми за 5,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, што е најголем раст на приходите во последните три години.

На европските берзи цените на акциите вчера забележаа раст. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,21 отсто, на рекордни 7.290 бодови, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,54 отсто, на 11.646 бодови, а парискиот CAC 0,01 отсто, на 4.888 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП