Турската лира опадна на нов историски минимум, што го зголемува притисокот на турската централна банка да ја зголеми каматната стапка.
Поради тоа се поголеми се изгледите за намалување на инвестициите на компаниите кои имаат висок долг во странски валути, јавува агенцијата Ројтерс.
Во текот на вчерашниот ден со лирата се тргуваше по рекордно ниско ниво од 3,8990 долари, наведува британската агенција.
Речиси 27.000 компании во Турција, главно мали и семејни компании, имаат долг во странски валути, поради што нивните инвестиции би можеле дополнително да опаднат, бидејќи трошоците за финансирање растат.
Лирата опаѓа и поради неподготвеноста на централната банка на Турција да ги подигне каматните стапки, загриженоста во поглед на можните напади на милитантните групи, економското забавување и политичката неизвесност поради најавеното проширување на овластувањата на претседателот Таип Ердоган.
Од почетокот на оваа година, лирата загуби 9 проценти од вредноста кон доларот, станувајќи така најголемиот губитник меѓу светските валути во оваа година.