29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Заканите во светот во 2017-та според Светскиот економски форум

График на денот: Заканите во светот во 2017-та според Светскиот економски форум

risk 001

Непосредно пред годишната средба на светските лидери, бизнис фелата и познатите личности, Светскиот економски форум (WEF) ги претстави петте најголемите закани за светот за 2017-та година.

Зголемениот популизам во позадина на длабокото јавно разочарување од глобализацијата се смета за главна закана пред глобалните случувања, се наведува во извештајот на „WEF“, објавен во пресрет на самитот во Давос од 17-ти до 20-ти јануари. Последниот „Global Risk Report“ ги анализира 30-те светски ризици и 13-те базни трендови во наредните 10 години преку анкета меѓу 650 експерти и потоа донесуваат одлуки.

Во предвид победата на Доналд Трамп во САД и британското гласање за излез од Европската унија (ЕУ), учесниците во студијата на „WEF“ треба да се соочат со различни реалности. Нови закани може да се предизвикаат подоцна во текот на годината по резултатите од изборите во Холандија, Франција, Италија и Германија, при што се очекува општествата да се насочат силно десно и да обезбедат простор за посилна реакција против водечките политичари и владетели.

Извештајот го нагласува зголеменото несовпаѓање меѓу приходите и богатството како најверојатниот тренд за насочување на глобалните случувања во следната деценија. Според извештајот, иако се очекува светската економија да продолжи да расте, протекционизмот претставува поголем ризик.

Други закани исто се уште не изминале, забележуваат претставниците на „WEF“. Од нив климатските промени излегуваат се повеќе напред, бидејќи Трамп како претседател може да ги спречи претходните планови за ограничување на емисиите на јаглерод.

„Многу од овие ризици се нагласуваат во претходните извештаи, но разликата е во тоа што во моментов тие се развиваат во насока за поголемо влијание“, вели еден од авторите на извештајот Сесилија Рејес.

Друг ризик е подемот на роботите и заканата што тие ја носат за работните места. Извештајот го споменува вештачкиот интелект и роботиката како технологија со најголем потенцијал како за позитивни, така и за негативни последици, вклучувајќи го и зголемувањето на заканата што го носи хакирањето.

Според авторите на извештајот без ефикасно управување и нови обуки на вработените, технологијата може да уништи многу повеќе места отколку што создава во момент во кој владите веќе не можат да си дозволат одржување на претходните нивоа на благосостојба.

Графиконот ги претставува врските меѓу различните закани. За поголема и интерактивна варијанта притиснете тука.

risk 002

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП