20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците ќе ги изедначат платите: Ова е рецептот

Германците ќе ги изедначат платите: Ова е рецептот

185615824358764c0fed423142708127_w640

Германската влада го усвои новиот закон кој ќе ги принуди компаниите да бидат потранспарентни во поглед на платите кои им ги исплаќаат на мажите и жените.

Германија настојува да го намали јазот во заработката меѓу различните полови.

Според новите прописи, работниците во компаниите со повеќе од 200 вработени ќе имаат право да знаат колку жените и мажите на исти позиции заработуваат, пренесува агенцијата Франс прес.

Компаниите со повеќе од 500 вработени исто така ќе мораат да објавуваат редовни записници за платната структура, со цел да покажат дека ги почитуваат прописите за еднакви плати.

Германската министерка за женски прашања Мануела Швезиг го поздрави законот за транспарентност на платите, карактеризирајки го како „реален напредок“ кој ќе им помогне на милион жени во намалувањето на јазот во приходите.

Заработката на жените во Германија е за 21 процент помала од заработката на мажите, покажуваат податоците на Министерството, што е полошо во однос на европскиот просек од 16,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП