29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорческа се пласираше во следната фаза

Ѓорческа се пласираше во следната фаза

lina-gjorcheska-555

Лина Ѓорческа утрово во Мелбурн испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис. Ѓорческа успеа да го мине првото квалификациско коло на Аустралијан Опен и да стане првата Македонка која забележала победа на еден Грен слем турнир.

Лина Ѓоческа, која на ВТА листата се наоѓа на 206-то место, во првото квалификациско коло на Аустралијан Опен, ја победи Американката Саша Викери.

Македонската тенисерка против 137-та на ВТА листата на теренот мина точно 100 минути и победи во три сета со 6:2, 3:6, 6:3.

Ѓорческа во второто квалификациско коло за противничка ќе ја има Унгарката Далма Галфи, која е 160-та на ВТА листата. Галфа во првото коло ја совлада Британската Тара Мур со 6:7, 6:3, 6:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП