19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba сака да направи револуција во кинеската трговија на мало

Alibaba сака да направи револуција во кинеската трговија на мало

alitasna33

Кинеската компанија за електронска трговија „Alibaba Group Holding“ беше пионер во воведувањето на интернет шопинг во Кина. Сега таа смета дека може да ги научи постарите трговци на мало за реалната светска трговија, пишува „Bloomberg“.

Онлајн гигантот, кој успеа да ги претекне „eBay“ и „Amazon“ во Кина, се насочува кон трансформацијата на светот на традиционалните продавници. „Alibaba“ се насочи кон купување на голем трговски ланец – „Intime Retail Group“ за 2,6 милијарди долари. Тоа е многу за привилегијата да поседува компанија на која и се смалуваат приходите и со минијатурна стапка на внатрешниот пазар.

Обединувајќи ги силите со трговците, милијардерот и основач на „Alibaba“, Џек Ма се надева да се развие нов модел на онлајн и офлајн маркетинг. Идејата е дека огромната дигитална моќ на „Alibaba“, децениите искуство во создавањето на милијарди од продажба на стоки, силните врски со владата и големите брендови ќе и помогнат на компанијата да успее таму каде што другите како „Wal-Mart Stores“ и дури „Amazon“ не успеаа.

Ако овој план функционираше, тој може да ги отвори вратите кон многу повеќе работи, помагајќи на „Alibaba“ истовремено да се прошири логистичката мрежа и да собере огромен обем на непроценливо кориснички податоци.

„Никој нема решение или конкретен одговор, иако сите знаат дека тоа е следната страница за индустријата. „Alibaba“ сака да биде оној кој ќе го развие решението“, коментира Ансен Чан, аналитичар во „Daiwa Capital Markets“ од Хонг Конг.

Историјата досега покажала дека онлајн и офлајн компаниите не се претставија добро. „Wal-Mart“ потроши милијарди долари за развој на своите операции поврзани со трговијата, за сметка на профитот. „Amazon“ допрва прави сериозни чекори во областа на физичките продавници и се уште е во почетна фаза.

А сепак „Alibaba“ работи на многу поинаков пазар и е мотивирана од потребата да обезбеди нови извори на раст, бидејќи електронската трговија е во застој. Самиот Ма признал дека гледа „огромни предизвици“ пред компаниите за електронска трговија, во позадина на забавувањето на економијата на земјата.

Покрај „Intime“, „Alibaba“ купи и играчи во областа на електрониката – „Suning Commerce Group“ и „Haier Electronics Group“. Акциите на кинескиот гигант ја зголемија својата вредност со 2,1% во САД, откако последната трансакција беше објавена, додека оние на „Intime“ поскапеа за 36% во Хонг Конг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП