29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Кралот: Меси ја одведе Барса во четврт-финале (видео)

Куп на Кралот: Меси ја одведе Барса во четврт-финале (видео)

19732332525876b4580254e177137689_w640

Барселона, Алавес, Реал Сосиедад и Алкоркон му се приклучија на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Купот на Кралот.

Реал Сосиедад кај Виљареал одигра 1:1 и ја сочува предноста од 3:1 која ја имаше по првиот меч. Алавес благодарение на повеќе постигнати голови во гости ја елиминира Ла Коруња. Првиот меч на Ријазор заврши 2:2, а во реваншот беше 1:1. Во дуелот на второлигашите Алкоркон славеше во Кордоба 2:1 и се пласира меѓу најдобрите осум.

Барселона по поразот 2.1 во Билбао, во реваншот славеше над Атлетик 3:1, а спасител повоторно беше Меси кој во 78.минута погоди од слободен удар. Аргентинецот од почетокот на годината има постигнато три гола од слободни удари.

Претходно Луис Суарез го постигна првиот гол во 35.минута, а во 48-та Нејмар од пенал зголеми на 2:0. Атлетик одговори во 51.минута кога Соборито намали на 2:1.

Решавачкиот момент се случи во 78. кога Меси од слободен удар на „погрешна нога“ го фати голманот Ираизоз.

Во четврток ќе се одиграат преостанатите три осминафинални реванши: Селта-Валенсија (прв меч 4:1), Еибар-Осасуна (3:0) и Севилја-Реал Мадрид (0:3).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП