28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПозитивна серија на индексот МБИ10

Позитивна серија на индексот МБИ10

македонска-берза

Оптимизмот на Македонската берза од почетокот на трговската седмица, продолжи и натаму во тргувањето во средата.

Во оптимистична атмосфера, индексот МБИ10 додаде 0,17 отсто, со што порасна трет трговски ден по ред и моментално изнесува 2.200,66 индексни поени. Исто така, и индесот на обврзниците ОМБ порасна за 0,09 проценти, со што достигна вредност од 127,95 индексни поени.

Вкупниот промет изнесуваше 11 милиони денари и се реализираше во 96 трансакции. Се тргуваше со 22 хартии од вредност, од кои седум забележаа пораст, десет беа во негатива и пет без промена на вредноста.

Интересот на инвеститорите вчера беше насочен кон акцијата на Стопанска банка Скопје со која беа истргувани 1.409 акции по просечна цена од 849,51 денари. Со акцијата на Комерцијална банка се реализираше промет од 1,1 милион денари преку 398 истргувани лотови по просечна цена од 2.950,83 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП