29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција со убедлива победа против Бразил на стартот на СП 2017

Франција со убедлива победа против Бразил на стартот на СП 2017

181834196258760e774b110673138370_w640

Најголемиот фаворит за освојување на златниот медал на Светското првенство во ракомет, репрезентацијата на Франција со убедлива победа го отвори првенството на домашен терен. Франција во првиот меч на турнирот го збриша Бразил со 31:16 (17:7).

Француската репрезентација на отворањето на ракометниот Мундијал против Бразил делуваше како казнена експедиција. За едно полувреме Французите го решија мечот против „кариоките“.

Дебаклот на Бразил беше најавен уште во посчетните седум минути, кога Франција поведе со 8:2, а голманот Омејер одбрани пест од седумте удари.

Потоа натпреварот се претвори во еднонасочна улица, играа само Французите, а Бразилците се обидуваа да избегнат катастрофа.

Омејер одигра полувреме кое ќе се памети, за 30 минути 40-годишниот ветеран собра 14 одбрани.

Во второто полувреме, новиот француски селектор Дидие Динар, ја повлече стартната постава, шанса им даде на резервистите кои рутински го завршија натпреварот. Блесна во вториот дел резервниот голман Жерар, меѓудругото одбрани седмерец, постигна гол и беше прогласен за играч на мечот.

Порт ја предводеше Франција со шест голови, а петмина други ракометари постигнаа по три гола. Кај Бразил се истакна Толедо со пет гола.

Во А групата покрај Франција и Бразил уште се и Русија, Јапонија, Полска и Норвешка. Првото коло во оваа група, в четврток, ќе биде комплетирано со натпреварите Русија-Јапонија и Норвешка-Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП