28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар на трибините ги остава Митревски, Арнаудовски и Пешевски

Червар на трибините ги остава Митревски, Арнаудовски и Пешевски

mitrevski-696x463

Македонскиот селектор Лино Червар ги откри имињата на 16-те играчи кои ќе му се спротивстават на Тунис, во првиот меч кој Македонија ќе го одигра на 25-то Светско првенство.

Изненадување или не, Червар реши еден од тројцата кои ќе останат на трибините да биде голманот Никола Митревски. Изоставувањето на Митревски значи дека голот на Македонија ќе го бранат дебитантите на големите натпреварувања Кирил Колев и Благојче Трајковски.

Покрај Митревски, на трибините ќе бидат уште и Ристо Арнаудовски, односно Жарко Пешевски.

Дуелот Македонија-Тунис, во рамките на Б групата ќе се одигра во Мец со почеток во 17:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП