25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстрага на кинеските власти доведе до паѓање на биткоинот под 800 долари

Истрага на кинеските власти доведе до паѓање на биткоинот под 800 долари

biti77333

Цените на дигиталната валута биткоин (Bitcoin) паднаа под 800 долари во средата, откако Кинеската централна банка објави дека започнува истраги на клучни берзи. Меѓу нив се „BTC China“, „Huobi“ и „OKCoin“, a сомневањата се за пазарни манипулации, перење пари, неовластено финансирање и други проблеми, пишува во соопштението на Народната банка на Кина. Регулаторот не дава детали дали се откриени конкретни прекршувања.

На њујоршката берза „itBit“, цената на биткоинот се намали за околу 16% до 775,71 долари, по што се врати до околу 790 долари. Така дневната измена се случува околу 13% надолу.

На другите големи берзи за биткоин како „Bitfinex“, „Kraken“ и „BitStamp“ дигиталната валута исто поевтини до под 800 долари.

Индексот „CoinDesk Bitcoin Price Index“ кој ги споредува цените од големите берзи, покажува дека поевтинувањето на биткоинот е 13,2% до 785,79 долари.

Биткоинот деноминиран во јуани, се урива со близу 16% до 5.378,60 јуани (околу 776 долари).

На американските пазари цената се намалува за 375 долари (околу 33%) во текот на изминатата недела, кога Кина презеде мерки.

Во 2016-та година биткоинот поскапе со 125% поради зголемен интерес од страна на Кина, бидејќи инвеститорите ја купуваа криптовалутата, за да се заштитат од депресијацијата на јуанот и контролата на капиталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП