25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот електричен модел на Volvo ќе биде готов во 2019-та

Првиот електричен модел на Volvo ќе биде готов во 2019-та

elvol99

Скандинавскиот производител „Volvo“ ќе создаде посебна марка за „зелени“ автомобили. Ова го соопшти потпретседателот на „Volvo Cars“ – Хенрик Грин, според кого во моментов неговата компанија го развива својот прв електромобил.

Според него, возилото на струја ќе биде целосно подготвено во 2019-та година, а со него ќе биде даден почеток на цела серија електрични возила. Грин смета дека во „Volvo“ не задоцниле со ваквиот потег, бидејќи побарувачката на вакви автомобили допрва ќе се зголемува.

„Сега имаме „plug-in“ модификации на нашите модели кои претставуваат логичен чекор кон претставување на електричните. Целосно логично е за нив да биде создаден посебен бренд“, објасни Грин за „AutoExpress“.

Ваквиот потег веќе е превземен во „BMW“ со создавањето на семејството „i“, кое што допрва ќе расте. Истото планира да го направи и друг производител од премиум-сегментот – „Mercedes-Benz“, каде подготвуваат цела палета модели под името „EQ“.

Електричните модели на „Volvo“ ќе бидат изградени на платформата „SPA“. Таа се користи и за хибридниот агрегат „T8 Twin Engine“ кој Швеѓаните во моментов го нудат за кросоверот „XC90“, седанот „S90“ и караванот „V90“. Вкупната моќност на 2.0-литарскиот бензински мотор со 4 цилиндри од семејството „Drive-E“ и електричниот мотор е 408 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП