25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ќе пушти видео реклами

Facebook ќе пушти видео реклами

video-fb22

„Facebook“ тестира видео реклами, при што рекламата заминува откако видеото веќе е започнато, соопшти „ВВС“.

Рекламите најверојатно ќе се појават за прв пат на „Facebook“ на видеата на професионалните издавачи, открива аналитичар. Во моментов социјалната мрежа не дозволува реклами кои стартуваат пред почетокот на видеото.

Издавачите ќе добијат 55% од приходите од продажбата на реклами, пишува технолошкиот сајт „Recode“. Во моментов „Facebook“ не ја коментира информацијата.

„На компаниите им се допаѓаат многу видео рекламите. Ако „Facebook“ ги сака овие долари од ТВ рекламите, треба да инвестира повеќе во видео содржини“, пишува аналитичарот Елени Мароули од компанијата „HIS Markit“.

Според неа овој тип реклами нема да биде досаден за корисниците кои гледаат видео содржини на „Facebook“, но истакна дека социјалната мрежа треба да одлучи дали рекламираната содржина ќе биде кратка, пократка од типичните телевизиски реклами, на пример.

Според Мароули, „Facebook“ сака да ги зголеми приходите кои може да ги генерираат од видео содржината. Минатата година компанијата призна дека статистичките податоци за некои видео прегледи биле зголемени до 80%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП