Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 534.00 -1.11%    ALK 7,277.39 -0.99%    GRNT 780.00 -0.44%    KMB 2,630.26 -1.28%    LOTO 582.00 -3%    MPT 26,337.50 -0.03%    OHB 4,600.00 -5.18%    RMDEN14 92.20 0%    RMDEN15 94.90 -0.11%    SBT 1,928.00 -2.97%    STB 916.57 -0.33%    TEL 270.00 -0.71%    TNB 13,407.59 -0.48%    TPLF 1,560.00 -1.48%    ZPKO 2,601.00 0%    

Преку двата македонски аеродрома лани патувале речиси 1,8 милион патници

Време: 14:23

Датум: јануари 11, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

aerodromi33

Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2016 година патувале 1.8 милиони патници, соопштуваат од „ТАВ Македонија“, сумирајќи ги податоците за авиосообраќајот за изминатата година.

„Вкупно 1.794.376 патници патуваa преку двата македонски аеродрома во 2016, што е зголемување од 15 проценти споредено со 2015 година, кога имавме 1.560.381 патник. Истовремено, бројот на операции порасна за 8,9 отсто, достигнувајќи вкупно 16.883 летови. Задоволни сме што успеавме да постигнеме двоцифрено зголемување на бројот на патници на годишно ниво, кое е повисоко од просекот на ЕУ и од просекот во регионот. И во 2017 година ќе продолжиме во таа насока, фокусирајќи ги нашите главни цели на проширување на мрежата на линии од аеродромите во Скопје и во Охрид, соработувајќи со Владата, со сите засегнати институции надлежни за воздухопловство и со авиокомпаниите“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Според податоците за патничкиот сообраќај, Истанбул (со двата аеродрома „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“) е најфреквентната дестинација од Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје во 2016, со 12,6% пазарен удел, потоа следат Цирих со 10,2%, Виена – 6,3%, Базел – 5%, Малме – 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот.

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 54,8% пазарен удел, а потоа следат Turkish Airlines, Austrian Airlines, Germania Flug, Pegasus Airlines и Edelweiss.

Најфреквентниот ден на скопскиот аеродром во 2016 година беше 12. август, кога преку скопскиот аеродром патуваа 5.641 патник, додека вкупниот број на движења на воздухоплови беше 50, а потоа и 21. јули кога вкупно 5.604 патници беа превезени за еден ден со вкупно 51 движење на воздухоплови.

Карго-сообраќајот на аеродромот во Скопје има значителен пораст од 10,9% во 2016 година, со вкупно 3.090 тони превезени авионски пратки. Ова зголемување главно се должи на зголемениот извоз на стоки, но исто така и на популаризацијата на индивидуалните нарачки преку интернет превезени преку воздушен пат.

Изминатата 2016 година беше многу успешна година за зголемување на сообраќајот на аеродромот во Охрид, каде што бројот на патници порасна извонредни 39,2% на годишно ниво, поради што Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI) во неколку последователни квартали го прогласи „Св. Апостол Павле“ за аеродром со најбрз раст во својата категорија.

Покрај значајниот пораст на сообраќајот на годишно ниво, минатата година ќе биде забележана како успешна за „ТАВ Македонија“ и поради добиената ASQ награда (Airport Service Quality), односно наградата за квалитет на аеродромски услуги доделена на аеродромот во Скопје по трет пат во изминативе 5 години, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI). Аеродромот во Скопје беше прогласен за најдобар аеродром во Европа во однос на квалитетот на аеродромските услуги, во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Црниот петок“ го зголеми богатството на Безос на повеќе од 100 милијарди долари

    „Црниот петок“ го зголеми богатството на Безос на повеќе од 100 милијарди долари

    Богатството на основачот на „Amazon.com Inc.“ се зголеми за 2,4 милијарди долари на 100,3 милијарди долари, откако акциите скокнаа за повеќе од 2 отсто, поради…

  • АМСМ: Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

    АМСМ: Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во…

  • Македонија дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

    Македонија дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

    Македонското Собрание вчера беше осветлено во портокалова боја заедно со други значајни знаменитости на планетата и со тоа стана дел од глобалната кампања за поддршка за…

  • Галиите ќе бидат дислоцирани

    Галиите ќе бидат дислоцирани

    Ќе се дислоцираат трите галии од реката Вардар, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој потврди дека издал налог за да почне постапката за дислоцирање.…

  • Денес сончево со мала до умерена облачност

    Денес сончево со мала до умерена облачност

    Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен…

  • Деловната доверба во германската економија на ново рекордно ниво

    Деловната доверба во германската економија на ново рекордно ниво

    Деловната доверба во германската економија се искачи на ново рекордно ниво бидејќи оптимизмот во врска со иднината на бизнисот во Германија ја неутрализираше донекаде песимистичката…

  • Македонија и швајцарскиот кантон Тичино ќе соработуваат во областа на образованието

    Македонија и швајцарскиот кантон Тичино ќе соработуваат во областа на образованието

    Министерката за образование и наука, Рената Тренеска-Дескоска, придружувана од министерот без ресор задолжен за дијаспора, денеска во Владата на Република Македонија во посета го примија…

  • Делови од Шуто Оризари и Визбегово денес и утре без вода

    Делови од Шуто Оризари и Визбегово денес и утре без вода

    Поради акција за санирање улични водоводни дефекти, денеска и утре прекинато водоснабдување ќе имаат жители на дел од населбите Шуто Оризари и Визбегово. Прекинато водоснабдување…

  • Без автомобили од утре на Водно

    Без автомобили од утре на Водно

    Најавената забрана за движење на возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од утре, и ќе важи секој викенд и за време на…

  • Одржан Инфо ден во Кочани

    Одржан Инфо ден во Кочани

    Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Инфо денот одржан во Кочани како дел од  циклусот на промотивни активности…