16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблемите на пазарот на смартфони и нанесоа удар на Foxconn

Проблемите на пазарот на смартфони и нанесоа удар на Foxconn

fox-coon232

Тајванската компанија „Hon Hai Precision Industry“, главниот соработник на „Apple“, кој се занимава со составувањето на „iPhone“, го забележа првиот пад на годишните приходи, откако на пазарот на смартфони ја преживеа најлошата година.

Компанијата, исто така позната како „Foxconn“, забележа 2,8% пад на приходите од продажбата за 2016-та година до 4,36 илјади милијарди тајвански долари (136,5 милијарди долари), објави компанијата во документи поднесени до тајванската берза. Резултатите во голема мера се совпаднаа со оценките на аналитичарите.

Ова е прв пад на годишните приходи на „Hon Hai“ од појавувањето на акциите на компанијата во 1991-ва година и се случува во момент во кој „Foxcon Technology Group“ се подготвува да инвестира милијарди во производството на дисплеи, откако ја презеде контрола на јапонската „Sharp“.

„Foxconn“ се судира со доцнењето на пазарот на смартфони, резултат од созревањето на пазарите и забавувањето на темпото на раст на кинеската економија. Компанијата користи се повеќе роботи и се обложуваат на поголема ефикасност на производството, за да ги намали трошоците, но нејзината судбината е поврзана во голема мера со „Apple“, која се обидува да ја врати довербата на инвеститорите по слабото тримесечно претставување.

„Pegatron“ кој исто така прави производи за „Apple“, забележа пад од 27% на декемвриските продажба до 84 милијарди тајвански долари. Акциите на помалиот конкурент на „Hon Hai“ ја намалија својата вредност со околу 7%. Ова е најниското ниво од ноември наваму. Овие на „Hon Hai“ останаа речиси без промена во цената.

„Apple“ генерира околу половина од продажбата на „Hon Hai“, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“. Во октомври производителот на „iPhone“ го забележа својот прв пад на годишните приходи од 2001-ва година и предвидува продажба за 76-78 милијарди долари за кварталот, вклучувајќи го Божиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП