23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОАЕ ќе инвестира 163 млрд долари во обновливите извори на енергија

ОАЕ ќе инвестира 163 млрд долари во обновливите извори на енергија

uae

Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека планираат да инвестираат 163 милијарди долари во прокети кои од обновливите извори ќе генерираат половина од енергетските потреби на овие држави, пренесува BBC.

Овој голем производител на нафта се надева дека ќе се приближи до тоа до 2050 година и вели дека сака да ги избалансира економските потреби со економските цели.

ОАЕ имаат значителен потенцијал за соларна енергија и сакаат да го намалат користењето на фосилни горива.

Според листата на Светска банка, оваа земја се наоѓа на осмото место според емисијата на стакленички гасови CO2 по глава на жител, по Катар, Кувајт и Бахреин.

Премиерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактоум изјави дека се надева дека до 2050 година 44 проценти од енергетските потреби на оваа земја ќе бидат исполнети од обновливите извори на енергија, 38 проценти од гасот, 12 проценти од чистите фосилни горива и 6 проценти од нуклеарната енергија.

„Планот е да се зголеми искористливоста за 40 проценти и да се зголемат поттиците за чиста енергија на 50 проценти. Оној кој не размислува за енергијата, не размислува за иднината. Владата на ОАЕ оствари успех во изработката на уникатна енергетска стратегија за земјата“, напиша тој на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП