20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастично подобрување во САД: „Вакви цифри долго не сме виделе“

Драстично подобрување во САД: „Вакви цифри долго не сме виделе“

188868922558751b4942f25037447296_w640

Оптимизмот меѓу малите компании во САД во декември порасна со најбрзото темпо од 1980 година.

Очекувањата се драстично подобрени во поглед на перспективите на економијата по одржувањето на претседателските избори.

Индексот на Националната федерација на независни компании (NFIB) скокна во декември за 7,4 поени, на 105,8 поени, што е најголемото ниво од крајот на 2004 година, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Иако седум од десет компоненти во рамките на индексот евидентирале скок во декември, речиси 73 проценти од месечниот напредок се должи на оптимистичниот став на компаниите во поглед на изгледите за продажба и економија.

Поголемиот број на компании, исто така, најавија зголемување на инвестициите и продолжување на вработувањето.

„Вакви цифри долго не сме виделе. Малите компании се подготвени за продор, а тоа може да донесе многу добри работи за американската економија. Сопствениците на компании подобро се чувствуваат во поглед на преземањето на ризици и инвестиции“, изјави претседателката на NFIB, Хуанита Дуган.

Во истражувањето учествувале 619 мали компании, наведува њујоршката агенција, додавајќи дека малите компании сочинуваат повеќе од 99 проценти од работодавците во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП