Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 669.96 -1.35%    KMB 2,501.78 -0.54%    LOZP 2,100.00 0%    MPT 27,011.39 -2.66%    RZUS 94.96 3.22%    STB 901.26 -0.96%    STBP 720.00 -0.28%    TEL 260.00 -1.74%    TKVS 2,085.00 2.96%    USJE 23,000.00 0%    

Jaguar го претстави новиот F-Type (фото+видео)

Време: 13:09

Датум: јануари 11, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

dot-jaguar-00

Jaguar го претстави „дотерувањето“ на својот спортски модел „F-Type“, кој има добиено серија од козметички промени, нови варијанти и нови технологии. Продажбата ќе започне во првата четвртина на годината.

Ова е прво дотерување, кое моделот го претрпува од излегувањето на пазарот во 2012-та година. Новата визија се одликува со расчистени браници, нови предни светла со „LED“ технологија, нови лесни спортски седишта, како и многу хромирани, карбонски и алуминиумски детали. Покрај сето тоа, моделот може да се нарача и со висококвалитетен кожен тапацир „Siena Tan“.

dot-jaguar-02

Нов е и мултимедијалниот систем кој има 8-инчен дисплеј кој препознава гестови и работи на идентичен начин со оние на модерните смартфони. Навигацијата нуди информации за сообраќајот и климатските услови во реално време, а паркинг асистентот ги детектира празните паркинзи и може да го паркира автомобилот автоматски во нив со притискање на едно копче.

Клиентите ќе можат да избираат и меѓу две нови верзии. Првата од нив е „F-Type R-Dynamic“, која ќе ја замени досегашната „F-Type S“ верзија на моделот. „R-Dynamic“ ќе се нуди во две верзии – со 340 и 380 КС, а и во две варијанти за погон се користат задните или сите четири тркала.

dot-jaguar-01

Поинтересна ќе биде варијантата „F-Type 400 Sport“, која ќе биде опремена со ажурирана верзија на компресорот на 3.0-литарскиот V6 мотор со 400 КС и 8-степениот „Quickshift“ менувач. Оваа верзија исто така ќе се нуди задно или со погон на четири тркала.

Сето ова ќе биде комбинирано со подобрена суспензија, поголеми сопирачки, како и системот за избор на различни режими на работа на гаста, преносот, амортизацијата и управувачкиот систем.

„Jaguar F-Type 400 Sport“ ќе се нуди и со „Sport Design Pack“ пакетот, дел од кој се повеќе експресивен предниот сплитер, новите прагови и поголемопт заден дифузер. Моделот ќе може да се нарача само со три екстериерни бои – сребрена, црна или бела боја, а внатрешноста ќе се одликува со спротивставени на кожниот тапацир жолти рабови. Се разбира, ќе има серија од забележителни ознаки, кои ќе ни сигнализираат дека стоиме до необичен „F-Type“.

dot-jaguar-03

Се разбира, од „Jaguar“ ќе продолжат да ги нудат врвните верзии „F-Type R“ и „F-Type SVR“, кои се опремени со 5.0-литарски V8 мотор, кој располага со 550 и 575 КС.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Во Шведска стартуваше производството на новиот адут на Volvo

    Во Шведска стартуваше производството на новиот адут на Volvo

    Речиси два месеци од светската премиера, започна сериското производство на новата генерација на „SUV“ моделот „XC60“. Новиот „XC60“ има пред себе тешка задача, а тоа…

  • А-Класа ќе добие седан верзија

    А-Класа ќе добие седан верзија

    Компанијата „Мерцедес“ подготви А-Класа седан, која на пазарот ќе се појави кон крајот на 2018 година. Извор на магазинот „Аутокар“ откри дека А-Класата ќе биде…

  • Бентли заминува од Велика Британија?

    Бентли заминува од Велика Британија?

    Шефот на марката Бентли, Волфганг Дирхајмер, изјави дека таа авто-компанија може да го пресели своето производство од Велика Британија по Брегзитот, ако тоа е непходно.…

  • Jaguar најави нов XF караван

    Jaguar најави нов XF караван

    Иако во 2016-та се појави вест дека поради намалената побарувачка за луксузни каравани, „Jaguar“ ќе се откаже од производство на овие возила, во текот на…

  • „Убиецот на Porsche“ ќе чини под 100.000 долари

    „Убиецот на Porsche“ ќе чини под 100.000 долари

    Компанијата „Rezvani Motorѕ“ објави дека прифаќа нарачки за својот нов модел – „Beast Alpha“, а цената му е симната драстично. Спортскиот автомобил кој располага со…

  • Кој спортски автомобил беше најбаран во 2016-та?

    Кој спортски автомобил беше најбаран во 2016-та?

    Веќе втора година по ред глобално најпродаван спортски модел е „Ford Mustang“. Иако терминот „спортски автомобил“ е еластична категорија, а многумина сметаат дека „Mustang“ во…

  • Audi официјално го потврди Q4 RS

    Audi официјално го потврди Q4 RS

    Германскиот производител „Audi“ објави дека ќе им предложи на своите клиенти „RS“-верзија на крос-купето „Q4“. Таа ќе биде пуштена на пазарот во крајот на 2019-та…

  • Honda го претвори CR-V во спортски хибрид

    Honda го претвори CR-V во спортски хибрид

    „Honda“ е еден од првите производители на хибриди во светот, откако во 1999-та година го пушти на пазарот малиот хечбек „Insight“. Потоа компанијата предложи низа…

  • Ја пробавме новата SEAT Ateca со Игор Стефановски Иџе (фото)

    Ја пробавме новата SEAT Ateca со Игор Стефановски Иџе (фото)

    Избравме сончев ден за да влеземе во новата SEAT Ateca со нашиот двократен европски рели шампион Игор Стефановски или уште попознат како Иџе. Очекувањата кога…

  • Летечки автомобил за кој требаат две дозволи

    Летечки автомобил за кој требаат две дозволи

    Словачката компанија AeroMobil ја откри својата верзија на летечки автомобил. На автомобилот крилата ќе се склопуваат како кај инсектите, а ќе го придвижува хибриден мотор…