28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран

Пунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран

TORONTO, ONTARIO: JANUARY 22, 2013 -- HOMELESS WINTER -- A man is covered in snow while sleeping on the sidewalk in Toronto's Financial District as temperatures dip to -25 degrees with windchill on Tuesday, January 22, 2013. (Darren Calabrese/National Post) //NATIONAL POST STAFF PHOTO

Пукнтот за бездомни лица од 30 декември 2016 година, до завршување на ладниот бран, ќе биде отворен 24 часа, за да им излезе во пресрет на лицата во ладните денови кога температурите паѓаат под нулата.

Во него има тимови коишто со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани.

Бездомниците може да го повикаат тимот на телефонскиот број 3139-578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.

Овој пункт за бездомни лица функционира веќе осум години, а Градот Скопје во 2010 година за негова поголема функционалност од буџетот издвои 1,4 милиони денари и набави и целосно опреми два контејнера со 16 кревети и бања. Пунктот е отворен преку целата година, а два пати неделно може да ги користат следниве услуги: одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот.

До сега, со поддршка на Град Скопје, осум лица се работно ангажирани во јавните претпријатија, а на 03.01.2016 година, на првиот работен ден од новата 2017 година, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одржа состанок со бездомни лица коишто се заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани. Оваа практика Градот планира и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани. На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од Буџетот на Град Скопје.

Градот Скопје и во иднина од Буџетот ќе издвојува средства за финансирање на овој пункт и за проширување на неговите капацитети, односно за помагање на оваа катергорија граѓани и на сите граѓани коишто имаат потреба да бидат згрижени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП