25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair и ја презема на Lufthansa лидерската позиција во Европа

Ryanair и ја презема на Lufthansa лидерската позиција во Европа

37077277_303

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ ја надмина германската „Lufthansa“ и стана најголемата авиокомпанија според бројот на превезени патници, покажаа денес објавените официјални податоци.

Групацијата Lufthansa, под чија „капа“ се авиокомпаниите „Austrian Airlines“, „Swiss“ и нискобуџетната „Eurowings“, минатата година превезла рекордни 109,7 милиони патници, што е за 1,8 проценти повеќе отколку во 2015 година, соопшти денес таа авиокомпанија, а пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа, сепак, не беше доволно за да го надмине „Ryanair“, кој минатата недела пријави 15-процентен раст на бројот на патниците во 2016 година, на 117 милиони.

Иако германската авиокомпанија и понатака е значително пред конкурентот во смисла на остварените приходи, најновите податоци говорат дека патниците на големо ги привлекла „понудата на „Ryanair“, изјави експертот за авиација Корд Шеленберг, додавајќи дека ова би требало да биде аларм за будење за „Lufthansa“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП