29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува ракометното Светско првенство во Франција

Стартува ракометното Светско првенство во Франција

svetsko-rakomeet11

Франција од денеска до 29-ти јануари ќе биде домаќин на Светското ракометно првенство. Французите ја бранат светската круна, на шампионатот на кој фаворити уште се и олимпискиот шампион Данска, односно европскиот првак Германија.

Во Франција, со натпреварот помеѓу домаќинот и репрезентацијата на Бразил, во среда ќе започне 25-то Светско првенство, на кој меѓу 24-те репрезентации учеснички се наоѓа и Македонија.

Македонија во Франција деветти пат во историјата ќе учествува на Мундијалите, а најдобриот пласман го оставри пред две години во Катар кога заврши како деветтопласирана.

svetsko-rakomeet

Боите на Македонија на Мундијалот во Франција ќе ги бранат: Никола Митревски, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.

Македонија натпреварите на Мундијалот ќе ги игра во Б групата, во Мец. Првиот меч со Тунис Македонија ќе го одигра 12-ти јануари од 17:45 часот, потоа на 14-ти јануари од 20:45 часот е мечот со Ангола, два дена подоцна од 17:45 часот е пресметката со Словенија, а на 18-ти и 19-ти јануари од 20:45, односно 17:45 часот противници на македонските ракометари ќе им бдат Шпанија и Исланд.

Најдобрите четирите репрезентации од секоја група ќе продолжат во групи пласман во осминафиналето, каде ќе вкрстуваат репрезентациите од А и Б, односно од Ц и Д групите.

СП Франција 2017:

wc-002

Група А: Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија
Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис и Ангола
Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија
Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП