29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна гласањето за ‘NATIONAL PUBLIC CHAMPION’ при Европските бизнис награди 2016/2017

Започна гласањето за ‘NATIONAL PUBLIC CHAMPION’ при Европските бизнис награди 2016/2017

brans

Започна гласањето за избор на Национален јавен победник при овогодинешните Европски Бизнис Награди за Македонија, како и за уште 33 други држави учеснички во изборот на Европските Бизнис Награди. Брансис, како една од компаниите кои беа избрани од страна на комисијата при Европските Бизнис Награди за национален победник, продолжи во трката за избор на Национален победник на Македонија избран од гласачите.

Раскажувајќи ја својата бизнис приказна, IT компанијата Брансис, поддржано од Smartportal, кој се погрижи за снимање на видеото, повикува на поддршка за гласање од публиката во следните 7 недели. Бранко Трајковски, основач на Брансис, изјави: “Чест ни е што сме номинирани како Национален победик на Европските Бизнис награди за Македонија. Нашето видео е отворено за гласање за избор на Национален победник за Македонија избран од гласачите, се до 1 Март. Секој Ваш глас ни значи многу, и нѐ прави горди што сме дел од успешните приказни од Македонија, со признание на Европско ниво, поддржани од јавноста. Ви благодарам однапред на сите за поддршката!”

На јавното гласање учествуваат повеќе од 350 Национални Победници избрани од комисијата, натпреварувајќи се меѓусебно од вкупно 34 земји од Европа. По седум неделното гласање, компаниите со најмногу гласови од секоја земја, ќе бидат прогласени за ‘National Public Champion’ на 6 Март 2017. По изборот на овие 34 победници, ќе започне вториот круг на гласање, од 6ти Март до 27ми Април, за избор на ‘European Public Champion’.

Адријан Трип, CEO на Европските Бизнис Награди, изјави: “Минатата година, јавното гласање донесе преку 227.000 гласови од целиот свет. Ова е многу важен дел од Наградите, бидејќи им овозможува на компаниите еден сосема нов пристап на презентирање на своите успеси. Па затоа, ве молам погледнете ја нашата веб страна и пласирајте го вашиот глас!” Европските Бизнис

Награди беа основани за да го поддржат развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница во Европа и пошироко. Оваа година учестуваа повеќе од 33.000 бизниси од 34 држави.

Гласајте за Брансис на следниот линк: http://www.businessawardseurope.com/vote/detail-new/the-rsm-international-entrepreneur-of-the-year-award/19078.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП