29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung си постави цел да продаде 60 милиони примероци од Galaxy S8

Samsung си постави цел да продаде 60 милиони примероци од Galaxy S8

maxresdefault

Компанијата Samsung планира престојниот модел Galaxy S8 да го продаде во 60 милиони примероци, нешто што компанијата не го остварила уште од ерата на Galaxy S3 и S4.

Продажбата на паметни телефони за Samsung некогаш беше многу посилен извор на приходи одколку минатата година. Нивните Galaxy S5, S6 и S7 не успеаа да постигнат резултати, какви што некогаш имаа Galaxy S3 и Galaxy S4.

За оваа година, тимот од Samsung наводно си поставил цел од 60 милиони примероци, што е доста смел план со оглед на тоа дека одличниот Galaxy S7 според некои проценки е продаден во околу 47 милиони примероци.

Од друга страна доаѓаат и информации дека S8 би можел да биде опремен дури со 8 GB RAM. Всушност, главниот конкурент на Samsung во производството на мемориски чипови, SK Hynix го представи новиот 8 GB LPDDR4X модул мобилен RAM, која наводно би можел да заврши во S8 на Samsung.

Станува збор за чип кој зазаема 30 отсто помалку простор, а работи за 20 отсто поефикасно од актуелниот LPDDR4 чип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП