25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Ефектот „Трамп“ врз светските валути

График на денот: Ефектот „Трамп“ врз светските валути

tragrafik-00

Нападите против одделни компании или цели земји на „Twitter“ се невиден, но и контроверзен метод за комуникација на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Човек сепак не може да оспори колку ефикасен е тој, коментира „VisualCapitalist“.

Во денешниот график изданието ја гледа прилично нетрадиционалната „монетарна политика“ на Трамп и како потенцијално таа влијаела на доларот и пет други големи валути по неговата победа во ноември.

Профилот на Трамп на „Twitter“, следен од 18,8 милиони луѓе, се користи секој ден, за да се потенцираат потенцијалните победници и поразени како резултат на неговите идни политики.

А пазарите го следат внимателно. И иако графиконот ја покажува вредноста на странските валути во однос на доларот помеѓу 7-ми ноември 2016-та година (денот пред претседателските избори во САД) и 5-ти јануари, медиумот забележува дека во исто време цената на нафтата се крева, која исто така има последици врз некои валути.

Централно место во т.н. политика „America First“ е форма на протекционизам, која цели да ги задржи работните места и доларите во САД по секоја цена. Новоизбраниот претседател постојано ја обвинува Кина во валутните манипулации, а ги нападна и автомобилските компании кои сакаат да произведуваат автомобили во Мексико.

Кина, како една од главните економски сили во светот, има извесна слобода на акција во секоја војна на зборови со Трамп. Иако земјата испраќа 18% од извозот кон САД, теоретски може да освои од економска гледна точка, ако САД се повлекува од странските врски. Покрај тоа Кина поседува американски државни хартии во вредност од 1,12 илјади милијарди долари, што и дава дополнителена потпора.

Од друга страна, Мексико дефинитивно има за што да се грижи. Земјата испраќа 80,3% од извозот кон САД и потенцијално може да изгуби големи делови од својот бизнис, ако договорот „NAFTA“ биде откажан и повторно се воведат царини. Како резултат на тоа, дури има предвид за поскапувањето на нафтата во последните два месеци, вредноста на песозот се намали за 13,4% од победата на Трамп во ноември.

Во исто време Трамп се обидува да ги „загрее“ односите со Русија – протекционистичка земја која не е „закана“ за работните места во САД. Рубљата имаше зголемување од 7,7% од изборите па наваму. Овој раст делумно се одразува на идното олеснување на санкциите кои беа воведени по агресијата на Москва против Украина во 2014-та година.

tragrafik-01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП