24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските милијардери го зголемија богатството по победата на Трамп

Руските милијардери го зголемија богатството по победата на Трамп

novac-biznis-600x400

По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, руските милијардери се збогатиле за дополнителни 29 милијарди долари, тврди Форбс.

Акционерите на „Новатек“, Леонид Михелјсон и Генадиј Тимиченко го зголемија своето богатство за 1,9 и 1,8 милијарди долари по 16-процентниот раст на акциите на компанијата.

Меѓу првите десет најбогати руски бизнисмени се и Алексеј Мордашов, ко-сопственик на „Северстал“ и Владимир Лисин, ко-сопственик на „Новолипечко металуршкиот комбинат“ – тие се збогатиле за 1,6 и 1,4 милијарди долари.

Имотот на шефот на Лукоил, Вагит Алекперов, порасна за 1,8 милијарди, проценува Форбс.

Растот на богатството на руските милијардери придонесе за поскапување на акциите на руските компании, зајакнување на рублјата, зголемување на цената на нафтата, како и за поголема надеж во врска со подобрувањето на односите на Русија со САД и ЕУ.

Вкупното зголемување на богатството на милијардерите од Русија, како што пишува Форбс, е поголемо отколку во било која друга земја, освен САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП