20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЌе банкротира ли Викторија Бекам?

Ќе банкротира ли Викторија Бекам?

vik-333

Алармантни гласини за еден од членовите на семејството Бекам се појавија во Обединетото Кралство.

Според таблоидите дизајнерската марка на поранешната пејачка од групата „Spice Girls“, Викторија Бекам работи со загуба.

И не само тоа – гласините гласат дека таа е во долгови од над 4,6 милиони фунти, или над 6 милиони долари.

Викторија Бекам имаше и други проблеми во 2016-та година, откако стана јасно дека е можно нејзиниот бизнис да биде затворен поради неподнесување на даночни пријави.

Марката на партнерот на еден од најуспешните фудбалери во светот – Дејвид Бекам, беше формирана во 2008-ма година.

Од тогаш таа забележа серија на успеси, откако Викторија доби неколку награди, вклучувајќи и титулата Претприемач на годината во Велика Британија во 2014-та година.

Во 2015-та година модната куќа на Бекам имаше над 45 милиони долари профит. Меѓутоа во последно време се збори дека „Пош Спајс“, добива финансиски инјекции од нејзиниот сопруг, кој е една од најпознатите личности кои се откажале од својата професија, но се уште добро заработуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП