25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИZTE дели 3.000 откази

ZTE дели 3.000 откази

The company name of ZTE is seen outside the ZTE R&D building in Shenzhen, China April 27, 2016. REUTERS/Bobby Yip/File Photo

Кинескиот производител на телекомуникациска опрема ZTE, кој е соочен со трговските санкции од САД, укинува околу 3.000 работни места.

Од тој број, една петтина укинува во опаднатиот бизнис со мобилните телефони во Кина, соопштија неименувани извори од таа компанија.

Глобалниот бизнис за производство на мобилни телефони на ZTE ќе укине 600 работни места или 10 проценти од вкупниот број на вработени, а најголем дел од кратењата ќе бидат реализирани во Кина, каде воедно го губи и пазарниот удел, јавува агенцијата Ројтерс.

Менаџерот на ZTE во една од меѓународните гранки на компанијата вели дека му било наложено да отпушти 10 проценти од вработените до крајот на јануари.

„Исто така ми се дадени и имињата на луѓето кои мораат да змаинат, бидејќи се обидувале да аплицираат за работа кај ривалот, Huawei и поради тоа се означени како „нестабилни фактори“, изјави менаџерот, барајќи да остане анонимен.

ZTE е единствениот кинески производител на смартфони со значаен 10-процентен удел на пазарот во САД, наведува Ројтерс.

Американското министерствотo за трговија во март минатата година воведе забрана на извозот на прозизводи од американските компании до кинеската ZTE, бидејќи оваа компанија наводно ги прекршила санкциите на Вашингтон против Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП