24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ “Volkswagen” се договори со Америка

И “Volkswagen” се договори со Америка

volkswag

По Дојче банка која со Министерството за правда на САД се согласија дека поради манипулација со хипотекарните кредити ќе плати парична казна во износ од 7 милијарди долари, со американските власти направија договор и “Volkswagen”.

Најголемиот германски производител на автомобили во Германија, поради измама со софтверот за мерење издувни гасови ќе плати казна од 4,3 милијарди долари.

Претходно, компанијата се согласи да даде милијарда долари за поправка и откуп на 83.000 возила на кои е направена измама со издувните гасови и така да ги подмири американските купци.

“Volkswagen” аферата со манипулацијата тешко ја поднесе, но истовремено и освојуваше нови пазари во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП