25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Романија бараат каде исчезнале 2 милијарди eвра државни пари

Во Романија бараат каде исчезнале 2 милијарди eвра државни пари

e-romania2

Раководството на романскиот парламент (постојаните бироа на Домот на пратениците и Сенатот) активира проверка под сомневање за недостаток на 2 милијарди евра во благајната на земјата. Истрагата се води по барање на претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа (Социјал-демократската партија – СДП), објави Радио Романија.

Тој тврди дека во романските финансии недостасуваат 10 милијарди леи (2,2 милијарди евра), што е разликата помеѓу предвидените и реалните приходи во буџетот за 2016-та година. Се претпоставува дека недостатокот настанал поради недоволното користење на фондовите на ЕУ.

Во оваа ситуација, смета Драгнеа, буџетот би требало да биде „во минус“, а не „во плус“, како што беше направено во претходната влада на Дачијан Чиолос.

„Она што се случило е нелегално. Оној кој ги има фабрикувано овие податоци, треба да си понесе одговорност“, истакна Драгнеа.

На пленарна седница следната недела парламентот ќе го одобри мандатот на комисијата за проверка, која во 10-дневен рок треба да го претстави својот извештај. Опозицијата гласаше против спроведување на истрагата.

Чиолос изјави дека нема никаков дефицит и ги обвини социјалдемократите дека се обидуваат да го одвлекува вниманието на јавноста од неостварливите предизборни ветувања со помош на провокации и пропаганда.

На парламентарните избори на 11-ти декември во Романија победи СДП. Оваа партија, заедно со Алијансата на либералите и демократите, формира лево-центристичката влада предводена од премиерот Сорин Гриндјану.

Тоа ја смени технократската влада, која имаше поддршката на десно-центристичката Национална либерална партија (ПНЛ) и претседателот Клаус Јоханис, кој беше лидер на оваа партија до неговиот избор за претседател во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП