18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предложи пакет мерки за дерегулација на пазарот на услуги во ЕУ

ЕК предложи пакет мерки за дерегулација на пазарот на услуги во ЕУ

ek-komisija3

Европската комисија (ЕК) денес претстави посебен пакет мерки за дерегулација и бирократски олеснувања за услужниот сектор во Европската унија (ЕУ).

Комисијата им препорачува на земјите членки на ЕУ да ги реформираат националните барања за извршување на регулираните професии – на пример архитекти, инженери, лекари, фармацевти, сметководители, брокери на имот и слично, па поединечните пазари на услуги да станат отворени и конкурентни со цел задоволување на потрошувачите.

Се воведува и посебна олесната електронска постапка за давателите на бизнис услуги кои сакаат да обезбедат услуги во странство, во рамките на ЕУ.

Давателите на услуги ќе се задржат во допир со една единствена контактна точка во сопствената држава и на сопствениот јазик. Тоа ќе ја проверува точноста на потребните податоци и ќе ги пренесува на земјата членка. Земјата членка го задржува правото да ги применува законските барања утврдени во националното законодавство, и да одлучи дали барателот може да нуди услуги на нејзина територија.

Се очекува од новите правила да добијат најмногу корисниците кои ќе имаат пристап до квалитетни услуги по добри цени.

Со мерките се очекува да се подобри и конкурентноста на ЕУ, како и да доведат до создавање на нови работни места.

ЕК потенцира дека секторот на услугите претставува две третини од економијата на ЕУ и создава 90% од новите работни места во блокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП