25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо подготовка се три варијанти на iPad

Во подготовка се три варијанти на iPad

pro-ipad-335

Американскиот концерн „Apple“ работи на 12,9-инчна, 10,5-инчна и 9,7-инчна верзија на својот таблет „iPad“.

Првите два ќе се напојуваат од новиот чип „A10X“, додека 9,7-инчниот уред ќе работи со процесор „A9“, изработен од „Samsung“, станува јасно од последниот извештај на анализаторот Минг-Чи Куо од „KGI Securities“, цитиран од „9to5Mac“.

Годишната продажба на „iPad“ бележи пад од меѓу 35 и 37 милиони единици, а оваа година падот ќе продолжи и ќе биде половина од обемот кој го видовме во 2016-та година.

Досега „Apple“ не презема чекори за подобрување на својата „iPad“ линија, за да ја олесни работата со таблети.

На глобално ниво таблетите со „Android“ држат 65 проценти од продажбата (до вториот квартал на 2016-та година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП