24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИL'Oreal купува три брендови за нега на кожа од Valeant за 1,3...

L’Oreal купува три брендови за нега на кожа од Valeant за 1,3 милијарди долари

loreal333

Француската козметичка група „L’Oreal“ купува три брендови на производи за нега на кожа – „CeraVe“, „AcneFree“ и „Ambi“, од канадската „Valeant Pharmaceuticals International“, соопштува „Ројтерс“. Зделката, која е во вредност од 1,3 милијарди долари, ќе ги подобри резултатите на компанијата во САД, изјавија од „L’Oreal“.

Според француската компанија трите брендови имаат годишен комбиниран профит од околу 168 милиони долари.

„Овие три брендови, продорни и создадени врз силни односи со професионалци од здравствениот сектор, ќе ги зголеми речиси двојно приходите на нашата единица за активна козметика во САД и ќе ни помогнат да ја задоволиме растечката потрошувачка на активната нега на кожа по прифатливи цени“, изјави Фредерик Роуз, претседател и извршен директор на „L’Oreal USA“ во пораката.

Единицата на „L’Oreal“ ги вклучува уште марките „La Roche-Posay“, „Vichy“ и „SkinCeuticals“. Грижата за кожата е најголемата категорија во козметичката индустрија, и формира над една третина од глобалниот пазар, покажуваат податоците на „MarketResearh.com“, цитирани од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП