Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Екстремен студ – како да заштедите на греење?

Време: 14:41

Датум: јануари 10, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

termometar

Температурите се спуштаат и под 20 степени под нулата, а најавите се дека екстремниот студ ќе продолжи и во наредните две недели. Сите грејни тела се пуштаат на максимум, но експертите по енергетика велат дека и во вакви услови има начини како да се заштеди.

Со едноставни методи до потопол дом и поголема заштеда

Основите совети кои можат да се применат и при екстремен студ се: ако се користат радијатори да се постави алуминиумска фолија меѓу нив и ѕидот за да се рефлектира топлината; навечер собите да бидат затворени, како и вратите од ходниците, плакарите и помошните простории кои не се греат; електричните греалки да се вклучуваат директно во штекер, а не на продолжен кабел; да се избегнува проветрување, а ако е неопходно тоа да се прави во текот на денот кога е најтопло;  да се постелат теписи, по можност со подолги реси, врз дрвените подови и плочките, тие ќе ја стопираат апсорпција на топлината; вратата од бањата да се остави отворена по туширањето или капењето, така топлиот воздух и пареата ќе се прошират, а истовремено ќе се навлажни и воздухот во домот; рерната да се остава отворена откако ќе се заврши со готвење, топлиот воздух ќе се прошири; на надворешните врати да се постави изолација до праговите, доволно е да се постели свиткана черга или ќебе кои би го спречиле продирањето на ладниот воздух; доколку во домот има плафонски вентилатор нека биде повремено вклучен, тој го турка топлиот воздух надолу а го качува студениот нагоре.

Овие совети можеби звучат смешно, но експертите за енергетска ефикасност велат дека дефинитивно придонесуваат за потопол дом, но и за помали сметки.

Енергетската ефикасност е долгорочно исплатлива

Сепак, за вистинска заштеда потребни се инвестиции во самата куќа или стан – подобра изолација, подобри прозорци. За ова е веќе предоцна оваа зима, но треба да се земе предвид за наредната сезона.

„Ставање на топлинска изолација и прозорци е мерка која бара најголемо вложување, но е и најисплатлива. Не се исплатува за една или две години, потребни се седум или осум, во зависност од тоа каков бил објектот. Сметката во крајна линија најмногу зависи од топлотната изолација. Оние што имаат солидно изградени објекти во секој случај штедат, во вакви временски услови дури и нема потреба од вклучување на системите за греење преку ден, само рано наутро и доцна навечер“ објаснува проф. д-р Ристо Цицонков, Машински факултет.

Македонците загреваат само половина од домот

Најлесен начин за штедење – загревајте само една соба. Ова, за жал го практикуваат најголем дел од Македонците. Во просек се топли само 45% од површината на домот, а останатите 55% остануваат студени, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според овие податоци 61.59% од домаќинствата користат огревно дрво, 28.60% електрична енергија, 8.33% се приклучени на централно парно, а останатите 1.48% употребуваат нафта, јаглен или гас.

Оние кои користат струја, најчесто имаат енергетски неефикасни грејни тела – една третина обични греалки, една третина термо печки, 15% панелки и 15% клима уреди. Само еден од пет климатизери е со инвертор.

Изолацијата како најефикасен начин за заштеда на енергија е застапена во само 18% од домовите – најдобро стои скопскиот регион со 29%, а најлошо пелагонискиот со нешто под 7%.

68% од куќите и становите имаат дрвени прозорци, 29% ПВЦ, а нешто над 3% алуминиумски.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тековно одвивање на сообраќајот по наместа влажни коловози

    Тековно одвивање на сообраќајот по наместа влажни коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На повисоките места во западниот дел има засилен северен ветер. Од 15-ти ноември стапи…

  • Европската агенција за лекови по Брегзит се сели во Амстердам

    Европската агенција за лекови по Брегзит се сели во Амстердам

    Со одлука на Советот на ЕУ, седиштето на Европската агенција за лекови ќе се сели во Амстердам. За ново седиште на ЕАЛ беа предложени 19…

  • Денес без струја ќе останат Јурумлери, Долно Лисиче, Етно село…

    Денес без струја ќе останат Јурумлери, Долно Лисиче, Етно село…

    Поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денес ќе останат: од 8.15 до 10.30 часот – корисниците од населбата Јурумлери, (општина Гази Баба)…

  • Бундесбанк: Индустријата продолжува да ја поддржува германската економија

    Бундесбанк: Индустријата продолжува да ја поддржува германската економија

    Германската економија продолжува да расте на крајот на годината благодарение на силната индустриска активност, соопштува централната банка Бундесбанк, цитирана од светските агенции. Компаниите во Сојузна…

  • 4.000 евра казна за инвеститор од Општина Карпош

    4.000 евра казна за инвеститор од Општина Карпош

    Пред дваесеттина дена комунални и градежни инспектори на Општина Карпош започнаа контрола на неколку поголеми градилишта на територија на општината со цел да се направи…

  • Скопје ја откажа новогодишната прослава, средствата ќе бидат донирани

    Скопје ја откажа новогодишната прослава, средствата ќе бидат донирани

    Се откажува пречекот на Новата 2018 година во Скопје. Средствата ќе бидат донирани. Ова го најави градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Градот.…

  • За субвенции за купување печки на пелети досега доставени 217 барања

    За субвенции за купување печки на пелети досега доставени 217 барања

    До денеска до 14 часот во архивата на Град Скопје се доставени 217 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на…

  • Во Грција започнаa онлајн аукции за имотот на должниците

    Во Грција започнаa онлајн аукции за имотот на должниците

    Имотот на должниците ќе се продаваат на онлајн аукции во Грција, кои ќе стартуваат кон крајот на овој месец, пишува весникот „Иефимерида“, цитирано од светските…

  • СКМ: Македонија за пет години ќе се соочи со дефицит на сметководители

    СКМ: Македонија за пет години ќе се соочи со дефицит на сметководители

    Бројот на сметководители во Македонија значително се намалува. Причината е во тоа што младите не сакаат да се занимаваат со сметководствени услуги, што може да придонесе…

  • Под мотото „Сите сме нивни деца“ одбележана Неделата за грижа на стари лица

    Под мотото „Сите сме нивни деца“ одбележана Неделата за грижа на стари лица

    Под мотото „Сите сме нивни деца“ се одбележа Неделата за грижа на стари лица, во организација на Црвениот крст на Град Скопје. На одбележувањето присуствуваше…