28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува расчистувањето на скопските улици

Продолжува расчистувањето на скопските улици

sneg-cistenje3

Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевар.

На терен се користат комбинирани методи за чистење на снегот бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со -6 Целзиусови степени. Изминативе неколку часа екипите на зимската служба на Град Скопје со механизација ги расчистува булеварите и улиците (чистење на снегот со возила со плуг).

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до – 6 степени и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.

Паралелно со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП