Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,302.07 0.01%    CEVI 964.00 2.89%    KMB 2,698.74 0%    MPT 27,000.00 0%    RZUS 105.32 2.25%    STB 910.00 0%    STIL 129.00 0%    TEL 277.73 0.89%    UNI 1,900.00 0.01%    

Audi Q8 блескаше во Детроит (фото+ведео)

Време: 13:34

Датум: јануари 10, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

osmaudi-00

Компанијата „Audi“ го искористи автосаемот во Детроит, за да го претстави концептниот модел „Q8“. Според претставник на производителот, тоа е најлуксузниот автомобил во историјата на брендот. Неговото сериско производство ќе стартува во 2018-та година.

Крос-купето, што ќе се бори за клиенти со „BMW X6“ и „Mercedes-Benz GLE Coupe“, е долго 5020 мм, широко е 2040 мм и високо е 1700 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 3.000 мм. Теренецот добил нова верзија на решетката на ладилникот „Singleframe“, матрични „LED“ фарови, 23-инчни бандажи, странични стакла без рамки и дополнителни аеродинамички елементи на каросеријата.

osmaudi-01

Ентериерот на „Audi Q8“ е со 4 седишта, а во него е интегриран модернизираниот дигитален панел – т.н. „виртуелен кокпит“. Тој е со дијагонала 12,3 инчи и во него влегуваат проекциски дисплеј и два скринови на допир кои при исклучување се спојуваат со црниот панел на централната консола. Во внатрешноста се користат два вида кожа, а багажникот има зафатнина 630 литри.

osmaudi-04

Погонот на возилото е доверен на хибриден агрегат, кој може да се полни од електричната мрежа. Во неговата основа е 3,0-литарски бензински мотор „TFSI“ (333 КС и 500 Нм), комбиниран со електромотор (136 КС и 330 Нм), кој е интегриран со 8-степен автоматски менувач.

osmaudi-05

Вкупната моќност е 449 КС и 700 Нм, која му овозможува на моделот да забрза од 0 до 100 км/ч за 5,4 секунди и да ја развие максимална брзина од 250 км/ч. Просечната потрошувачка на гориво, според претставници на „Audi“, е 2,3 l/100 km, а нивото на штетни гасови „СО2“ е 53 g/km.

Литиум-јонските батерии на возилото се со капацитет од 17,9 kW / h, а се полнат целосно за 2 часа и половина. Само на електрична енергија „Audi Q8“ може да помине до 60 километри, а вкупата километража – со полни акумулатори и резервоар, е околу 1.000 километри.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Најбезбедните автомобили за 2018-та (видео)

    Најбезбедните автомобили за 2018-та (видео)

    Институтот за безбедност на сообраќајот во САД (IIHS) ги означи најбезбедните автомобили за 2018-та година. Ги вклучува новите, построги барања кои стапуваат во сила од…

  • McLaren го претстави својот нов хиперавтомобил, именуван по Аиртон Сена (фото+видео)

    McLaren го претстави својот нов хиперавтомобил, именуван по Аиртон Сена (фото+видео)

    Британскиот производител „McLaren Automotive“ официјално го претстави најекстремниот автомобил на марката кој има сертификат за сообраќај на јавни патишта. Купето се нарекува „McLaren Senna“, именуван…

  • Започнаа нарачките на Volkswagen Up! GTI (фото+видео)

    Започнаа нарачките на Volkswagen Up! GTI (фото+видео)

    Малите градски автомобили опремени со моќни мотори секогаш имале посебен шарм, особено меѓу младата популација. Токму на таа карта играше „Volkswagen“ кога ја претстави концептната…

  • Електричниот Jaguar ќе пристигне во Женева (фото+видео)

    Електричниот Jaguar ќе пристигне во Женева (фото+видео)

    „Jaguar“ потврди дека продукциската верзија на електричниот модел „I-Pace“ ќе има светска премиера на женевскиот саем за автомобили во март 2018-та. Кросоверот на струја, со…

  • Lexus подготвува два нови модели за Европа

    Lexus подготвува два нови модели за Европа

    Јапонскиот производител „Lexus“ ќе понуди два нови модели, еден од главните пазари за нив ќе биде Европа. Ова е објавено од „Autoreview“, кој се повикува…

  • Важни правила во сообраќајот на кои возачите често забораваат и не ги почитуваат

    Важни правила во сообраќајот на кои возачите често забораваат и не ги почитуваат

    Сообраќајните незгоди најчесто се последица на  напочитување на сообраќајните правила и прописи, како и непочитувањето на поставената сообраќајна сигнализација.  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот…

  • Ова е најмоќниот пикап во светот (фото+видео)

    Ова е најмоќниот пикап во светот (фото+видео)

    Американската компанија „Ford Motor“ официјално ја покажа својата гама на обновени пикапи „Ford F-Series Super Duty“, моделот за година 2018-та. Во неа влегуваат товарни машини,…

  • BMW ги чува имињата од iX1 до iX9

    BMW ги чува имињата од iX1 до iX9

    „BMW“ наскоро сигурно ќе отпочне нова гама на електрични кросовери со ознаката „iX“. Главниот извршен директор Харалд Кругер призна дека компанијата ги задржала правата за…

  • GM на секоја Opel Amperа губи по 10.000 евра

    GM на секоја Opel Amperа губи по 10.000 евра

    Во релативно краток период од продажбата на електричниот модел „Amperа“, додека се уште беше во сопственост на компанијата „Opel“, „General Motors“ имаше значителни загуби на…

  • Lamborghini го има најбрзиот SUV во светот (фото+видео)

    Lamborghini го има најбрзиот SUV во светот (фото+видео)

    „Lamborghini“ го претстави најбрзиот „SUV“ во светот – „Urus“. Возилото со четири тркала има мотор од 650 КС. Димензиите на кросоверот се должина од 5112…