18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПресвртница: Британската гордост во приватни раце

Пресвртница: Британската гордост во приватни раце

lloyds-bank-offers-islamic-banking-71203477-58733fcced3e8

Британската влада продаде уште еден дел од своите акции во „Lloyds Banking Group“, така што повеќе не е најголемиот акционер во таа банка.

„Lloyds Bank“ во текот на финансиската криза доби државна помош.

„Планот за повраток на „Lloyds Banking Group“ во рацете на приватниот сектор денес оствари значителна пресвртница кога беше потврдено дека владата повеќе не е најголемиот акционер“, се наведува во соопштението на британското Министерство за финансии, а пренеува агенцијата Франс прес.

„Најновата продажба на акции го намали преостанатиот удел на владата на под 6,0 проценти и под нивото на следниот најголем акционер“, се додава во соопштението.

Тоа значи дека американскиот инвестициски фонд BlackRock сега е најголемиот одделен акционер во таа банка.

На врвот на финансиската криза во 2008 година, владата во Лондон ја спаси „Lloyds Banking Group“ со 20 милијарди фунти пари од даночни обврзници.

Владата оттогаш постепено го распродаваше првичниот удел од 43 проценти во банката, а Министерството за финансии соопшти денес дека успеа да поврати 18 милијарди фунти (21 милијарда евра) од продажбата на акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП