29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПушењето ќе ја чини економијата по 1 илјада милијарди долари годишно до...

Пушењето ќе ја чини економијата по 1 илјада милијарди долари годишно до 2030-та

cigar33300

Трошоците на глобалната економија поврзани со пушењето, ќе надминат 1 илјада милијарди долари годишно и пушењето ќе убива за 30 отсто повеќе луѓе во 2030-та година во споредба со сега. Тоа го покажува објавената студија на Светската здравствена организација (World Health Organization – WHО) и американскиот Национален институт за борба против ракот, пренесе „Ројтерс“.

Трошоците далеку ги надминуваат глобалните приходи од даноците за тутунот, проценети од „WHО“ на околу 269 милијарди долари во 2013-2014 година.

„Бројот на смртните случаи поврзани со пушењето, се очекува да се зголеми од околу 6 милиони годишно на околу 8 милиони во 2030-та година. Над 80 проценти од нив веројатно ќе бидат во земјите со ниски и средни приходи“, се наведува во студијата.

Околу 80 отсто од пушачите живеат во овие земји, а како целина вкупниот број на пушачи во светот се зголемува. Според здравствените експерти пушењето предизвикува најголем број смртни случаи во светот кои би можеле да се спречат.

Според истражувањето од 688 страници, за што се дали на придонес на околу 70 научници, „пушењето предизвикува околу 1 илјада милијарди долари трошоци годишно за здравје и загуби од намалената продуктивност“.

FILE PHOTO: An ash tray with cigarette butts is pictured in Hinzenbach, Austria, February 5, 2012. REUTERS/Lisi Niesner/File Photo

Економската цена на пушењето најверојатно ќе расте и иако владите немаат инструменти за намалување на употребата на тутунот, како и на сродните смртни случаи, повеќето од нив не ги користеле ефикасно овие алатки, наведува „Ројтерс“.

„Загриженоста на владите е дека контролата над пушењето ќе има штетно влијание врз економијата, но не поткрепено со докази. Науката вели јасно: сега е време за акција“, гласи извештајот.

Меѓу најевтините и ефикасни начини за намалување на пушењето се зголемувањето на цените и акцизите над тутунот, сеопфатна политика за ограничување на пушењето, целосна забрана над рекламирањето на тутунски производи и предупредувањата на пакувањата на цигарите, се вели во извештајот.

Според проценката на „WHО“, владите потрошиле помалку од 1 милијарда долари за контрола над тутунот во 2013-2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП