29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден бројот на туристи во Шпанија

Рекорден бројот на туристи во Шпанија

barcelona1

Шпанија ја посетиле речиси 75 милиони странски туристи во изминатата година, што е за десет проценти повеќе отколку во 2015 година.

„Повеќе од 74 милиони, веројатно 75 милиони странски туристи во 2016 година ја посетиле Шпанија“, изјави генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации WTO, Талеб Рифаи на конференцијата за новинарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Секој посетител, според неговите зборови, потрошил во просек по 800 евра во текот на својата посета, а кога станува збор за целата година, туристите потрошиле повеќе од 60 милијарди евра во таа земја.

Шпанија во 2015 година ја посетиле нешто повеќе од 68 милиони туристи, што ја направи трета најпосетена дестинација во светот, по Фанција и САД.

WTO на 17 јануари ќе ги објави податоците за глобалниот туризам за 2016 година, а се проценува дека меѓународниот туризам пораснал за четири проценти во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП