25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие светски компании соработувале со нацистите на Хитлер

Овие светски компании соработувале со нацистите на Хитлер

hitler

Некои се извиниле, а некои никогаш јавно не коментирале за тоа.

Факт е дека многу големи компании чии производи ги купуваме и ден денес, тесно соработувале со нацистите во Втората светска војна.

Меѓу нив не се само германските- “Bayer”, ”Siemens”, ”Hugo Boss”, туку и американските како  “Ford”, во времето кога Хенри Форд ја водеше компанијата.

”Hugo Boss”

Модниот дизајнер бил член на Нацистичката партија, во кој се зачлени две години пред да дојде Хитлер на власт. Креирале униформи за СС четите и “Hitlerjugend”(нацистичката младина), а шиеле и за затворениците во озогласените логори. Компанијата, која денес е една од најголемите модни брендови, издаде формално извинување во 2011 година и  финансирала книга за својот однос со нацистите.

“Ford”

henry-ford

Макс Валас, новинарот кој го истражуваше Холокаустот, пишува во книгата дека не падна само Хенри Форд под влијание на нацистите, туку и неговиот најстар син Едсел бил обвинет за соработка со нив. Хитлер не го криел своето воодушевување за Хенри Форд и тоа го овековечил во книгата “Majn kampf”(Мојата борба), а Фордовиот портрет го чувал во неговата канцеларија.

“Mercedes”, “Volkswagen” и “Audi”

Сопственикот на “Mercedes” призна уште во 1986 дека за нив работеле принудно 40.000 работници во ужасни услови во текот на Втората светска војна. Во фабриката на “Volkswagen” во Волсбург работеле 12.000 заробеници, а во “Audi” користеле 20.000 заробеници од концентрационите логори.

“BMW”

bmw

Дури во 2011 година сопствениците на” BMW” признале дека одземале еврејски фирми во германија, користеле работна сила од логорите и сораборувале со највисоките ешалони на нацистичката влада. Главата на семејството Гунтер Квант станал член на Нацистичката партија во 1933 година. Во Фабриката за оружје на Квант биле погубени неколку непослушни работници, додека во својата куќа за одмор вработувал робови од украина.

“Chanel” и “Louis Vuitton”

coco

Авторот на книгата “Спиење со непријателот: Тајната борба на Коко Шанел” тврди дека таа била анти-семит, хомофоб, и дека активно соработувала со нацистите во текот на окупацијата на Париз. Исто така, книгата “Луи Витон: Француска сага” открива дека оваа модна куќа имала силни врски со Високиот режим. Наводно, најстариот син на Луи Витон, Анри бил чест гостин во кафето кое го поседувал Гестапо.

“Bayer” 

Фармацефтската компанија произведувала отровен гас “Циклон Б”,  кои нацистите го користеле за масовно убивање на Евреите во концентрационите логори. Користеле 83.000 затвореници на присилна работа само во 1944 година.

“Kodak”

Најпознатата компанија по фотографска опрема, некогаш произведувала воена опрема, прекинувачи и детонатори и во времето на Втората светска војна соработувале со нацистичка Германија, дури и долго откако САД влегле во војна. Подоцна, поради тоа што користеле принудни работници, уплатиле 500.000 долари во фондот за жртвите од принудна работа во нацистичка Германија.

“Siemens”

Уште во 1946 година Херман фон Сименс признал дека во фабриките користеле заробеници за принудна работа, меѓутоа никогаш не бил оптужен за тоа. Предизвика бура кога во САД се обидол да регистрира име “Циклон”, кое потсетуваше на “Циклон Б”, озлогласениот гас со кои се убивале евреите во гасни комори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП