18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Mercedes GLA зa 2017-та (фото+видео)

Премиера: Mercedes GLA зa 2017-та (фото+видео)

glamatic-00

„Mercedes“ на актуелниот саем за автомобили во Детроит го претстави освежениот кросовер „GLA“. Покрај козметичките подобрувања, „GLA“ доби и нова верзија – „220 4Matic“.

Иако производителот соопшти дека се извршени „бројни оптимизации“ на надворешноста на моделот за 2017-та, што резултираше со намалување на коефициентот на отпор на воздухот од 0,29 на 0,28, потребно е подобро да се погледнат фотографиите на редизајнираното возило со цел да се откријат промените.

glamatic-01

Верзијата за 2017-та има различен преден браник и светла за магла, како и нова решетка на предната маска.

Промените позади се уште подискретни и се однесуваат на малата модификација на светлосните групи на долниот дел на браникот.

glamatic-02

Тоа што потенцијалните купувачи најверојатно ќе ги интересира е проширената палета на мотори.

Новата верзија е „Mercedes GLA 220 4Matic“, која ќе заземе место меѓу моделите „GLA 200“ и „GLA 250“. „GLA 220 4Matic“ ќе има четирицилиндарски турбо бензинец кој испорачува 184 ks (135 kW) и 300 Nm.

glamatic-03

Иако освежениот „GLA“ светска премиера имаше на саемот за автомобили во Детроит, новата верзија веќе може да се нарача во Европа, па „GLA 220 4Matic“ во Германија чини 37.145 eвра.

glamatic-04

Што се однeсува до најевтиниот „Mercedes GLA“, основниот бензинец „GLA 180“ во Германија има цена од 28.940 eвра.

glamatic-06

Инаку бензинската понуда во 2017-та ја сочинуваат моделите „GLA 180“, „GLA 200“, „GLA 220 4Matic“, „GLA 250“, „GLA 250 4Matic“. Во Детроит беше претставена и топ верзијата, редизајнираниот „Mercedes-AMG GLA 45 4Matic“, кој исто така имаше помали стилски промени во однос на претходникот. Ова всушност е и најскапиот „GLA“ со цена која се движи од 56.852 eвра за регуларната верзија, па до специјалната „Yellow Night Edition“ варијанта која чини 64.468 eвра.

glamatic-07

Што се однесува до дизелите на располагање се „GLA 180d“, „GLA 200d“, „GLA 200d 4Matic“, „GLA 220d“ и „GLA 220d 4Matic“.

glamatic-08

Европската премиера на „Mercedes GLA“ зa 2017-та ќе се случи на саемот за автомобили во Женева на почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП