29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo најави дека самовозните автомобили ќе ги тестираат и обичните луѓе

Volvo најави дека самовозните автомобили ќе ги тестираат и обичните луѓе

volvo-vo

Шведскиот производител Volvo денеска соопшти дека автомобилите кои што ќе можат сами да се управуваат, ќе ги тестираат и обични луѓе, а не само експерти, како што тоа го прават останатите компании.

Целта на Volvo е да дознае што им е потребно на потенцијалните купувачи на ваквите само-управувачки автомобили, објавено е на годинешниот северноамерикански саем за автомобили во Детроит, пренесува агенцијата AP.

Volvo соопшти дека се одбрани првите од околу 100 семејства кои од оваа година ќе ги користат самовозните автомобили низ градот Гетеборг, во Шведска.

Volvo сака да види кога луѓето го вклучуваат и исклучуваат системот за автоматско управување и што прават додека автомобилот самиот се управува, без некој да му дава инструкции.

Шведскиот автомобилски гигант планира оваа програма на возила да ја прошири во Велика Британија и Кина, а потоа и во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП