29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја е првата земја во светот која се откажува од FM радиото?

Која е првата земја во светот која се откажува од FM радиото?

radio-fm-00

Норвешка ќе започне да ги затвора FM станиците во некои области во текот на оваа недела, а процесот на затворање ќе заврши во 2017-та година, објави владата, цитирана од страна на „CNN“.

Оваа сандинавска држава преминува од FM на дигитално радио наречено „DAB“, бидејќи дигиталната опција нуди повеќе канали, подобар аудио квалитет и ќе им овозможи на радио станиците да заштедат на трошоци.

„Главната причина Норвешка да е првата во светот е поврзана со норвешкиот пејзаж, кој вклучува длабоки фјордови, високи планини и расфрлани населби. Поради тоа е исклучително скапо да се одржува мрежата за FM радија во Норвешка, во споредба со другите земји“, соопшти владата.

Во нејзините пресметки станиците ќе заштедат над 200 милиони круни (23,5 милиони долари) годишно со елиминацијата на FM фреквенцијата, а тоа ќе им овозможи да инвестираат повеќе во радио содржина.

radio-fm-01

Владата не очекува работните места во станиците да бидат директно засегнати од одлуката, бидејќи тие ќе се префрлат на емитување „DAB“. Предвидено е исклучок од правилата што ќе им овозможи на некои многу мали локални радио станици да продолжат да емитуваат на FM фреквенции.

Критичарите тврдат дека исчезнувањето на FM станиците може да остави два милиони автомобили без радио врска, а тоа би создало ризик за безбедноста. Норвешката радио асоцијација исто така, предупреди дека трошоците за купување на нови радија ќе се одрази лошо на корисниците.

Анкетата објавена во таблоидот „Dagbladet“, покажува дека две третини од учесниците се противат на принудното откажување од FM фреквенциите. Други земји, како Велика Британија, исто така размислуваат за преминот од FM кон дигиталното радио, па успехот на транзиција ќе се следи внимателно.

Норвешка има население од околу 5,2 милиони луѓе. Околу 70% од домаќинствата веќе имаат „DAB“ радија, соопштува сајтот „Radio.no“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП