23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМексико „без страв“ ќе преговара со Трамп

Мексико „без страв“ ќе преговара со Трамп

840x-1

Новиот мексикански министер за надворешни работи изјави во понеделникот дека неговата земја без страв ќе преговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој најави измена, па и раскинување на трговските договори меѓу двете земји.

Луис Видегарај, близок соработник на мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието, беше именуван мината седмица за министер за надворешни работи за да се обиде да воспостави „конструктивни“ врски со идната администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Видегарај мораше да даде оставка на должноста министер за финансии, откако кон крајот на август 2016 година ја организираше контроверзната посета на Доналд Трамп, тогаш само кандидат за Белата куќа, на Мексико.

„Ќе преговараме со многу доверба, без страв, знаејќи колку Мексико им е важно на САД, економски, општествено и политички“, истакна Видегарај на средбата со мексиканските амбасадори.

Трамп го предизвика гневот на Мексиканците врз себе со својата антидоселеничка реторика и предизборните ветувања дека ќе изгради ѕид на границата меѓу двете земји за да го спречи илегалното влегување во САД а чијашто изградба ќе ја плати Мексико.

Републиканскиот претседател кој должноста ќе ја преземе на 20-ти јануари, предизвика и пад на мексиканската валута пезос, откако вложувачите се загрижија поради можните измени на договорот за слободна трговија (Alena) што го потпиша САД, Мексико и Канада.

Покрај тоа, Трамп се обврза дека ќе ги штити работните места во САД со воведување на царински давачки за американските компании коишто своето производство ќе го преселат во Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП