19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia го покажа најмоќниот, најбрзиот и најскапиот модел (фото+видео)

Kia го покажа најмоќниот, најбрзиот и најскапиот модел (фото+видео)

sigrej-06

Само неколку часа пред официјалното отворање на автомобилскиот салон во Детроит корејскиот производител „Kia“ го откри најмоќниот, најбрзиот и соодветно најскапиот модел во својата историја. Тоа е фастбекот „Kia Stinger GT“, со кој компанијата сака да се спротивстави на германските автомобили од оваа класа.

Во основата на „Stinger GT“ е седанот „Genesis G80“ (моделот за 2017-та година). Автомобилот e опремен со систем за погон на четири тркала, а добил предно потпирање „McPherson“ напред и повеќе точки од позади. Моделот има исто адаптивни амортизери и специјални поставувања на системот за стабилизација.

sigrej-00

Раководителот на проектот за создавање на возилото е Германецот Алберт Бурма, кој лично ги правел поставките на суспензијата и на моторите. Тој е поранешен шеф на „М“-делот на „BMW“ и беше доведен во „Kia“ токму со идејата за создавање на спортски модификации на моделите на корејскиот производител.

sigrej-01

Под хаубата на „Stinger GT“ е поставен турбо V6 мотор со зафатнина од 3,3 литри, кој развива 365 КС и 510 Нм. Моторот работи во комбинација со 8-брзински автоматски менувач и само-заклучувачки диференцијал. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч и трае 5,1 секунди, а максималната брзина е 244 км/ч.

sigrej-02

При почетокот на продажбата на фастбекот ќе се нуди и помала верзија. Таа ќе добие 2,0-литарски турбомотор со 255 КС. За европските потрошувачи најверојатно ќе биде достапна и дизел модификација, за која се уште нема никаква информација.

sigrej-03

Во „Kia“ посветиле посебно внимание на безбедноста и моделот е опремен со нов систем „Dynamic Torque Vectoring Control“. Тој работи со системот за погон на четири тркала, а по состојбата на патот и само го пренесува вртежниот момент таму каде што е најмногу потребно.

Новиот „Stinger GT“ располага и со функцијата „Driver Attention Alert“ (DAA), кој ја следи појавата на расеаност или поспаност кај возачот и кога ќе открие таква, го предупредува со соодветен сигнал. Покрај тоа, на екранот на автомобилот излегува знак со кој се поттикнува на возачот да запре и да одмори.

sigrej-04

Во моделот влегуваат уште системот „Forward Collision Assist“ (FCA) со интегриран во него систем за автономно принудно запирање (AEB), кој може да „открива“ пешаци и да предвидува евентуален судир. Постои и адаптивен круз-контрол (ASCC) кој поддржува растојание од возилото кое се движи напред, како и систем за одржување на лентата на движење „Lane Keep Assist“ (LKA).

Продажбата на „Kia Stinger GT“ ќе стартуваат уште во почетокот на 2017-та година, а тогаш ќе станат познати и цените на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП