Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 707.00 0%    ALK 5,580.84 1.44%    BESK 11,399.00 0.22%    GRNT 670.44 0.07%    KMB 2,970.82 0.03%    MPT 26,500.00 0%    OHB 5,113.39 0.61%    OKTA 2,210.56 -9.77%    RZLE 15.00 0%    RZUS 100.00 2.04%    SBT 1,351.00 0%    STB 915.00 0%    STBP 723.00 0%    TEL 260.00 0%    TNB 11,508.18 9.22%    TTK 775.00 8.39%    

Google во тајност „ја ослободи“ вештачката интелигенција AlphaGo

Време: 13:57

Датум: јануари 9, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

alphago333

Програмерите на компанијата Google признаваат дека таинствениот „мајстор“ во древната кинеска играта Го, кој последните неколку седмици ги победи стотиците најдобри играчи во онлајн игрите, всушност е вештачката интелигенција AlphaGo, пишува во понеделникот агенцискиот оддел на списанието Nature.

„Јас лично мислам дека тоа е одлично, дека луѓето одиграа цела серија игри со AlphaGo, која сега може внимателно да се проучи и да се ревидира. Тие имаат мноштво крајно неочекувани и свежи потези, кои се многу интересни за нас“, вели Нејл Кардин, професионален играч на Го, кого го цитира Nature.

Кон крајот на декември 2016 година во двата најголеми и најпопуларни система за онлајн игри Tygem и FoxGo, се појави нов играч на Го, кој себеси се нарече „Master(P)“. Тој победи неколку десетици многу силни мајстори на играта и стана предмет на широка дискусија на форумите, посветени на оваа древна кинеска игра.

Откако овој „дрзок дојденец“ го победи познатиот мајстор на играта Гу Ли, идентитетот на Master(P) стана уште популарен, откако поразениот Кинез вети дека ќе му плати 100.000 јуани, околу 15.000 американски долари, на оној кој ќе го победи неговиот противник.

Master(P) потоа одигра уште 50 игри, и само една од нива заврши без победник поради технички причини. Анализирајќи ги игрите, поразениот кинески мајстор почнал да се сомнева дека нивниот противник, веројатно, не е човек, туку систем од напредна вештачка интелигенција.

Ваквите сомневања се потврдија на почетокот од јануари, кога Демис Хасабис, еден од креаторите на системот AlphaGo, призна на својот микроблог дека играчот Master(P) всушност е нивниот систем на вештачка интелигенција.

Ваквото тајно тестирање на вештачката интелигенција „во живо“, како што појасни Хасабис кој беше прогласен за човек на годината според научните списанија Science и Nature, претставува подготовка за лансирање на новата верзија на AlphaGo, којашто повторно ќе се соочи со најсилните играчи на Го уште оваа година.

Системот на вештачката интелигенција AlphaGo беше развиен од Дејвид Силвер и неговите колеги од одделот DeepMind на компанијата Google, чие седиште е во Лондон кон крајот на 2014 година и неговото функционирање беше тестирано од шампионот на Европа, Фан Хуи, кој ги загуби сите пет мечеви со машината. Во март минатата 2016 година, AlphaGo го победи светскиот шампион во Го, Ли Седол, во серијата од пет мечеви од кои само еден заврши со победа на човекот.

Успехот на Силвер и неговите колеги се темели на тоа што тие наместо една успеале да вградат две невронски мрежи во својата вештачка интелигенција, специјални алгоритми кои ја имитираат активноста на веригите од неврони во човечкиот мозок. Едната од нив е одговорна за процената на моменталната позиција на таблата, а втората ги користи резултатите од анализата подготвена од првата мрежа, за да го избере следниот потег.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Јужна Кореја го обвини наследникот на империјата “Samsung” за мито и проневера на пари

    Јужна Кореја го обвини наследникот на империјата “Samsung” за мито и проневера на пари

    Наследникот на империјата “Samsung” и уште четири топ директори на најголемиот производител на паметни телефони се теретат за повеќе обвиненија меѓу кои и за мито…

  • Рекорд на Dow Jones 12-ти ден по ред

    Рекорд на Dow Jones 12-ти ден по ред

    На Волстрит во понеделникот цените на акциите благо пораснаа, при што Dow Jones индексот достигна ново рекордно ниво, дванаесетти ден по ред, откако американскиот претседател…

  • Штербик размислува за пензионирање

    Штербик размислува за пензионирање

    Наредната натпреварувачка сезона 2017/2018 кога му истекува договорот со Вардар, може да биде последна во кариерата за еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња,…

  • Луксузен позлатен бургер (фото+видео)

    Луксузен позлатен бургер (фото+видео)

    Позлатениот бургер, инспириан од највисоката зграда во светот Бурџ Халифа, го отсликува луксузот и раскошот на Дубаи, а чини 63 долари. Овој бургер беше претставен во…

  • Интернационалниот LEGO® фестивал доаѓа и во Македонија

    Интернационалниот LEGO® фестивал доаѓа и во Македонија

    После Брно, Братислава, Загреб и Софија, официјалниот LEGO® фестивал за прв пат доаѓа и во Македонија, ексклузивно во Skopje City Mall. Во период од 04.03…

  • Доделени наградите за филантропија

    Доделени наградите за филантропија

    Наградите за филантропија ОКО за 2016 година, чија цел е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично,…

  • Xperia XZ Premium: Најмоќниот смартфон на Sony за оваа година (фото+видео)

    Xperia XZ Premium: Најмоќниот смартфон на Sony за оваа година (фото+видео)

    „Sony“ исто така е еден од излагачите на саемот „MWC 2017“. Покрај останатите модели, „Sony“ го донесе и оној најмоќниот – „Xperia XZ Premium“ кој…

  • Ништо од отписот на долгот на Грција

    Ништо од отписот на долгот на Грција

    Заменикот на германското министерство за финансии Јенс Шпан ја отфрли вчера можноста да се одобри отпишување на дел од долгот на Грција. Германија бара Владата…

  • Марио Геце привремено ја прекина кариерата

    Марио Геце привремено ја прекина кариерата

    Играчот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, поради метаболички проблеми, привремено ја прекина фудбалската кариера, објави клубот. „Деталните лекарски прегледи поради хроничните проблеми со мускулите, со…

  • Раст на цените на нафтата

    Раст на цените на нафтата

    Цените на нафтата пораснаа во понеделник на меѓународните пазари кон 57 американски долари, поттикнати од новите сигнали од Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) за…