20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApp Store за Нова Година заработи 240 милиони долари

App Store за Нова Година заработи 240 милиони долари

app-store333

Сите оние кои се за време на празниците добиле нов iPhone или iPad очигледно чекале да дојде 1 јануари за да започнат со инсталација и купување на нови апликации.

Од Apple објавија дека првиот ден од оваа година беше најуспешен ден за нивниот App Store во историјата. Само во еден ден корисниците оставиле 240 милиони долари за различни апликации и игри.

Минатата година креаторите на апликации заработиле дури 20 милијарди долари, што е раст од 40 отсто во однос на 2015 година.

Рекорден беше и декември, за време на кој корисниците потрошија повеќе од три милијарди долари на App Store. Апликација која најмногу била превземена за време на католичкиот Божиќ и Нова Година е Nintendo Super Mario Run.

Од лансирањето на App Store во 2008 година, креаторите заработиле повеќе од 60 милијарди долари, стои во објавата на страната на Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП