20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко сакаш да имаш нешто што никогаш не си го имал, мора...

Ако сакаш да имаш нешто што никогаш не си го имал, мора да направиш нешто што никогаш не си го направил

fond

Некои семејства се финансиски моќни, а други пак мора допрва да создаваат капитал. Секако, во Македонија оние вторите се многу повеќе. Но, желбата за богатство подеднакво постои кај сите! Тоа дава сигурност, а овозможува комфорен живот.

Парите се заработуваат, но и се трошат. А разликата помеѓу успешните и неуспешните е во начинот на нивното планирање и рационалното трошење. Доколку средствата ги инвестирате во подобрување на енергетската ефикасност на вашиот дом, на долг рок обезбедувате заштеди. Исто така ако вложите во квалитетно образование на вашите деца, на долг рок ги оспособувате самите да бидат способни да заработуваат, а Вие помирно да ги дочекате пензионерските денови.

Секој се обидува што полесно да стигне до пари, но богатење преку ноќ не постои.  Притоа треба да знаеме дека платата не е единствен легален извор на приход во Република Македонија, секогаш можеме да направиме нешто дополнително за да заработиме. Треба само да сакаме, и напорно да работиме. Можности секогаш постојат и може да се заработи.

Општо правило е да се  штеди кога се има! Кога нема, крај со крај не може да се истера. Токму затоа, кога имаме макар мали заштеди, треба да ги избереме најповолните инвестициони можности и да ја зголемуаме вредноста на тоа што го имаме.  Во тој контекст, зошто да вложувате во банка за ниска камата, кога можете да остварите поголеми приноси на долг рок, вложувајќи во хартии од вредност од глобални компании. Вложувајќи преку реномиран инвестициски фонд во акции од светски ТОП БРЕНДОВИ, реално е да се очекуваат повисоки приноси. Најдоброто решение, што човек може да го донесе во однос на своите заштеди е да вложува редовно секој месец во акциски фонд и тоа да го прави во следните 10, 20, па и повеќе години. Ништо не се добива одеднаш!

Погледнете на пример, како низ времето се обезбедува дополнителна месечна рента, чиј износ е 3 пати поголем од правениот месечен влог. И сето тоа, доколку просечниот годишен принос изнесува 7%, што на долгорочен период е реално да се очекува од добро управуван акциски фонд.

 

kal

За да дознаете како ефикасно да вложувате во акциски фондови, почнувајќи со  минимални износи од само 500 денари месечно, разгледајте го планот за постепено вложување, кој е специјално подготвен за оваа намена.

Вложувањето во акции, односно акциски фондови дефинитивно долгорочно обезбедува добар поврат на вложените пари!

КД Групацијата има 25-годишна историја на зголемување на капиталот на своите клиенти, пласирајќи ги управуваните средства во хартии од вредност од кои континуирано се добива дивиденда, со што дури и во кризни периоди се обезбедуваат конкурентни приноси.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП