19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOва е најпродаваниот производител на луксузни возила за 2016-та

Oва е најпродаваниот производител на луксузни возила за 2016-та

najmce99

На „Mercedes“ му припадна титулата за најпродаван производител на луксузни возила во САД, затоа што во 2016-та ги надмина и останатите ривали, вклучувајќи го и „BMW“ кој ја бранеше титулата од 2015-та.

Иако во 2016-та испорача повеќе автомобили во САД од другите премиум производители (340.237), интересно е дека „Mercedes“ всушност оствари мал пад во продажбата (-0,8%) во споредба со 2015-та година.

Кога ќе се анализираат податоците и продажбата на конкурентските брендови, се гледа дека „Mercedes“ до титулата дојде благодарејќи на падот на испораките на „BMW“ (продажба на 313.174 автомобили со пад од 9,5 oтсто во однос на 2015-та). Oвој голем пад на продажбата на „BMW“ доведе до тоа „баварскиот производител“ да заврши дури на третото место во Америка.

najmce998

Втор е јапoнски „Lexus“, со 331.228 испорачани автомобили, иако и тој забележа помала продажба во споредба (-3,9%) во 2015-та. Единствениот производител од германската премиум тројка кој забележа раст на пазарот во САД во 2016-та е  „Audi“ кој испорачал 210.213 возила, со раст од 5 проценти.

САД и натаму е еден од најважните пазари за производителите на луксузни автомобили, кои веќе со години се наптреваруваат кој ќе продаде повеќе возила во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП