19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia се враќа на пазарот (видео)

Nokia се враќа на пазарот (видео)

noki-sest-00

„HMD Global“, финската компанија која ги поседува правата да го користи името на брендот „Nokia“ за производство на паметни телефони, го претстави својот прв смартфон, насочен кон кинеските корисници, кој чини 1.699 јуани (246 долари), пренесува „Ројтерс“.

Претставувањето на уредот на пазарот е првото излегување на култната марка од 2014-та година, кога „Nokia Oyj“ избра да ја продаде целата единица за смартфони на „Microsoft“.

Новиот уред „Nokia 6“ работи со Android и е изработено од „Foxconn“. Тој ќе се продава ексклузивно во Кина преку онлајн трговецот „JD.com“, објави „HMD“.

„Одлуката на „HMD“ да го пушти својот прв паметен телефон со „Android“ само во Кина ја одразува желбата за задоволување на вистинските потреби на корисниците на различни пазари низ целиот свет … тоа е стратешки важен пазар“, објави „HMD“ во соопштението.

„Nokia“ некогаш доминираше на пазарот на смартфони, но не успеа да се справи со притисокот на големите играчи на пазарот, а потоа го избра оперативниот систем „Windows“ на „Microsoft“ за сматка на својата серија уреди „Lumia“.

По договорот од 2014-та година „Microsoft, мора да  продолжи да продава поевтини смартфони со брендот „Nokia“ и „Lumia, но минатата година се откажа и од двата бизнисот.

Во декември „HMD“ ги придоби правата над „Nokia“ и склучи договор за користење на брендот за своите паметни телефони и таблети во следната деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП